сабота, 4 февруари 2023
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАлонсо во тимот на Мекларен и во 2018 година

Алонсо во тимот на Мекларен и во 2018 година

Како што се очекуваше, двократниот светски шампион Фернандо Алонсо потпиша нов договор за останување во тимот на Мекларен и во 2018 година, негова четврта едноподруго сезона со тимот од Вокинг.

Шпанецот претходно најавуваше дека ќе треба да види дали славниот тим може да биде конкурентен следната сезона, но, по сè изгледа, го убеди одлуката на Мекларен да ја прекрати тригодишната соработка со Хонда и за 2018 да склучи договор со Рено.

Алонсо вторпат дојде во Мекларен во 2015 година откако претходно помина една бурна сезона со тогашниот дебитант Луис Хамилтон во тимот.

„Фантастично е што можам да ја продолжам соработката со сите во Мекларен. Срцето постојано ми велеше да останам бидејќи ова е местото во кое навистина се чувствувам како дома“, изјави Алонсо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП