11 декември, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОдличен домашен рецепт за маска за брз и здрав раст на косата

Одличен домашен рецепт за маска за брз и здрав раст на косата

Дали некогаш сте се запрашале зошто јајцата, бананите, медот и пивото се добри за косата? Затоа ви го претставуваме овој рецепт, тој ќе ви одговори на ова прашање. Направете ја оваа одлична домашна маска за брз и здрав раст на косата.

Јајцата се добри за раст на косата бидејќи ги содржат речиси сите аминокиселини и лецитин. Ја штитат косата од оштетување и спречуваат појава на првут.

Бананите се корисни за косата бидејќи содржат витамини и природни масла. И даваат еластичност на косата, сјај и мекост. Одлично помагаат во борбата против испуканите врвови.

Медот за растот на косата е исклучително корисен, бидејќи има голема количина на хранливи материи и витамини Е, К, Ц, Б1, Б2 и Б6. Тоа е она што е важно за раст на косата, нејзината убавина и здрав изглед. Тој и дава на косата сјај и мекост. Помага при губиток на косата, ве ослободува од првут и го тонизира скалпот.

Пивото за растот на косата исто така е многу корисно. Тоа содржи слад, хмељ и квасци, како и витамини од групата Б во големи количини, микроелементи како железо, калиум, магнезиум, фосфор, бакар, кои се одлични за зајакнување и раст на косата. А витаминот Ц благотворно делува на скалпот.

Потребни состојки:

– 1 банана

– 1 јајце (или само жолчката)

– 1 лажица мед

– ½ шоља темно пиво

Подготовка: Ставете ги сите состојки во блендер и добро мешајте.

Нанесете ја смесата на косата и држете ја 1-2 часа. Потоа измијте ја косата на вообичаен начин.

Оваа маска можете да ја практикувате еднаш неделно, но сепак не ја злоупотребувајте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП