Кога зборуваме за технолошки компании, честопати се мисли на стилски модерни канцеларии некаде во Калифорнија, коментира „Statista“.
Иако САД е секако, технолошкиот центар на светот, другите региони, исто така, можат да се натпреваруваат за лидерското место.
Според податоците од аналитичката компанија „CB Insights“, во моментов има 108 „еднорози“ – приватни компании вредни повеќе од една милијарда долари во САД, што претставува за повеќе од половина на такви компании ширум светот.
Сепак, во Европа, технолошката средина, исто така, се чини дека е доста развиена.
Како што покажува графикот „GP. Bullhound“, Велика Британија, на пример, може да се пофали со најголема вкупна вредност на „гигантските“ технолошките компании. Благодарение на компаниите како „Deliveroo“ и „Shazam“, вкупниот износ достигнува скоро 50 милијарди долари.
Шведска, исто така, функционира добро. Земјата е дом на голем број популарни апликации како „Spotify“ и „Skype“, а вкупната вредност на големите технолошки компании има скоро 36 милијарди долари.
На третото место во рангирањето е Германија. Благодарение на технолошките компании како што се „trivago“ и „Xing“, вкупната вредност на секторот достигнува над 27 милијарди долари.