8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтанува уште посериозно, прва тужба за Ryanair

Станува уште посериозно, прва тужба за Ryanair

Белгија покрена правна акција против нискобуџетната авиокомпанија „Ryanair“, оценувајќи го како неприфатливо укинувањето на летови со кое се погодени Белгијците.

Тужбата поради „нелојалната комерцијална пракса“ е поднесена во трговскиот суд во Брисел, и доколку биде усвоена, „ќе дозволи одредување на пенали за авиокомпанијата ако ја продолжи моменталната пракса“, се наведува во соопштението на белгискит вицепремиер Kрис Петерс.

„Откажувањата на летови на „Ryanair“ на тоа ниво не се прифатливи. Надлежните служби ќе проверат дали „Ryanair“ ги испочитувал своите обврски. Овде постои недостаток на професионализам кој не би требало да постои во компанија која се претставува како професионална“, напиша Петерс.

Во случај на усвојување на тужбата, „Ryanair“ би можел да се соочи со казни, но Петерс наведува дека „се надева дека до тоа нема да дојде и дека „Ryanair“ ќе ги почитува правилата“.

Оваа ирска авиокомпанија минатата недела објави откажување на 18.000 летови од ноември до март поради грешката во пресметките на годишните одмори на пилотите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП