2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДве компании доставија понуди за купување на „Галеника“

Две компании доставија понуди за купување на „Галеника“

Две компании, „Амикус СРБ“ од Белград и „Аелиус Луксембург“ од Бразил, доставиле понуди за купување на српската фармацевтска компанија „Галеника“. Компанијата што држи една третина од пазарот на лекови во Србија е понудена на продажба и се очекува понудите да бидат отворени во втората половина на октомври.

Српското Министерство за eкономија досега ги прегледало податоците за квалификуваноста на понудувачите од кои се очекува да овозможат натамошен развој на компанијата. Допрва ќе се разгледуваат доставените материјали за финансиската понуда што двете компании се подготвени да ја направат за купување 93,7 проценти од „Галеника“.

Компанијата има годишни приходи од 300 милиони евра, но има и насобрани долгови од 71 милион евра, поради што најниската понуда е поставена на 1 евро. Од понудувачите се очекува да исплатат најмалку 25 милиони евра за покривање дел од долговите на „Галеника“ кон банките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП