27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБетис го совлада Леванте (видео)

Бетис го совлада Леванте (видео)

Бетис го победи Леванте со 4:0 во последниот натпревар од шестото коло во Ла Лига. Македoнскиот репрезентативец, Енис Барди, во поразот на „Бенито Виљамарин“ одигра нешто помалку од 60 минути.

Бетис против Леванте ја материјализираше сензационалната победа во Мадрид над Реал и се искачи на петтото место на табелата. Од друга страна за кој настапува Барди го запиша првиот пораз во сезоната.

По израмнетото прво полувреме во кое немаше голови, Бетис го декласира Леванте во вторите 45 минути кога беа постигнати головите.

Серијата ја отвори младиот Парагваец Санабрија во 49.минута, потоа следуваа головите на Фабијан Руиз и Серхио Леон, а точка на натпреварот стави Санабрија во 93.минута со својот втор гол.

По шест првенствени рунди во Ла Лига Бетис е петти со 12 бодови, а Леванте има три бода помалку и е на деветтото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП