26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТриумф на Маркез во Арагон

Триумф на Маркез во Арагон

Марк Маркез на Репсол Хонда победи на 14.трка во Мото ГП шампионатот, Големата награда на Арагон. Триумфот на Репсол Хонда го надополни сонародникот на Маркез, Дани Пероса, а за сешпански подиум во Арагон се погрижи Хорхе Лоренцо кој вози за Дукати.

Марк Маркез ја забележа петтата победа во сезоната, ја одбрани ланската победа во Арагон, а на оваа патека победи трет пат во кариерата. Младиот Шпанец, кој трката ја започна од четвртата позција ја забележа 34 победа во кариерата, во најсилната класа.

Шпанецот кој не ја заврши минатата трка во Велика Британија, во Арагон, максимално ризикуваше, еднаш и излета од патеката, но агресивното возење на крајот му ја донесе победата.

Маркес победи со време 42 минути и шест секунди. Едина секунда зад него беше сонародникот и тимски колега Педроса, на третото место заврши Лоренцо, а зад најдобрите тројца трката ја завршија возачите на Јамаха Маверик Вињалес и Валентино Роси.

Легендарниот Италијанец оствари исклучителен резултат, со оглед на тоа што пред само 20 дена кога се здоби со двојна фрактура на ногата, делуваше дека за него сезоната е завршена.

Маркез со триумфот во Арагнон остана лидер во генералниот пласман со 224 бода, втор е Андреа Довициозо со 208. Италијанецот со својот Дукати во Арагон беше седмопласиран.

Зад Маркез и Довициозо следуваат Вињалњс со 196, Педроса со 170 и Роси со 168 бода.

Наредната трка е Големата награда на Јапонија која се вози на патеката „Твин ринг Монтеги“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП