27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФиналето во ЛШ во 2019 ќе се игра на „Ванда Метрополитано“

Финалето во ЛШ во 2019 ќе се игра на „Ванда Метрополитано“

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги одреди градовите домаќини на финалните натпревари во Лигата на шампионите и Лига Европа за сезоната 2018/2019. Домаќини на двете европски финалиња ќе бидат Мадрид и Баку.

Финалето во Лигата на шампионите во 2019 година ќе се одигра во Мадрид на новиот страдион на Атлетико „Ванда Метрополитано“, иако пред два дена се шпекулираше дека Баку ќе биде домаќин на најзначајниот натпревар во клупскиот фудбал.

Атлетико новиот ултрамодерен стадион „Ванда Метрополитано“ свечано го отвори во неделата. За изградба на овој спортски објект се потрошени 240 милиони евра, а капацитетот е 67.700 седишта.

Второто финале, она во Лига Европа, ќе се одигра на стадионот во Баку, Азербејџан.

УЕФА исто така реши Суперкупот во 2019 година да се игра во Истанбул на стадионот на Бешикташ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП