27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧеферин: Треба да биде воведен ред во фудбалските трансфери

Чеферин: Треба да биде воведен ред во фудбалските трансфери

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александар Чеферин, во средата ги повика европските пратеници да помогнат во иднина да бидат создадени праведни услови за работа во фудбалот. Тука, пред сѐ, станува збор за воведување ред во фудбалските трансфери.

Чеферин рекол дека чека зелено светло од оние што јавно ја осудуваат ситуацијата што владее во моментот на фудбалскиот пазар, но кои сѐ уште не овозможиле таа да биде исправена.

Тој се согласил со политичарите што остро го критикуваа финансиското работење во фудбалот по рекордниот трансфер-период и рекордното трошење пари за засилувања.

Словенецот, кој се наоѓа на чело на УЕФА, рекол дека сака политика на конкурентен баланс, која сега е ограничена со европските закони за работа и бизнис.

Тоа вклучува ограничување на заработувачката, данок на луксуз, реформа на трансферите, контрола врз текот на парите, ограничувањето на заработувачката на фудбалските менаџери, солидарен данок на трансферите за финансирање на женскиот фудбал, како и да се забрани можноста за сопственост во два клуба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП