11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотоп на Ryanair, скапо чинат откажувањата на летовите

Потоп на Ryanair, скапо чинат откажувањата на летовите

Акциите на „Ryanair“ паднаа на берзата за три проценти откако компанијата го објави планот за откажување на меѓу 40 и 50 летови дневно до крајот на октомври.

Ирскиот нискобуџетен авиопревозник вчера откажа 82 летови поради грешка во распоредот на годишните одмори на пилотите, што е само врв на ледениот брег, бидејќи компаниајта соопшти дека во наредните шест недели од 40 до 50 летови ќе бидат откажувани на дневно ниво.

Од „Ryanair“ велат дека се обидуваат да најдат решение за огромниот број на отсуства на лицата кои ќе мораат да бидат прераспоредени пред крајот на годината, квалификувајќи го бројот на откажани летови – кој веднаш започна, како „неприфатлив“ за клиентите.

Авиокомпанијата откажува 40 летови дневно во текот на шест недели, а тоа ќе влијае на околу 285.000 патници, земaјќи го во предвид фактот дека пополнетоста на авиoните изнесува 90 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП