18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair ќе откажува и до 50 летови дневно до крајот на октомври

Ryanair ќе откажува и до 50 летови дневно до крајот на октомври

Нискобуџетската авиокомпанија „Ryanair“ призна дека направила забуна во врска со распоредот на годишните одмори на своите пилоти поради што во текот на следните месеци ќе биде принудена да откажува и по 50 лета дневно.

Само вчера биле откажани 82 лета, а од компанијата соопштиле дека работат напорно за да ја доведат ситуацијата под контрола.

Повеќето откажани летови се последица на побарани и одобрени годишни одмори на вработените во „Ryanair“, кои морале да го искористат одморот во септември или октомври поради промени во интерниот систем на планирање.

До неодамна во „Ryanair“ април се сметал како почеток на нова година за пресметување на правата за годишни одмори, а од в година одлучиле тоа да биде јануари и да се усогласат со нормалниот календар, што значи дека преостанатите слободни денови вработените мора да ги искористат до крајот на годината.

Поради целиот хаос, ќе бидат оштетени 285 илјади патници на кои „Ryanair“ ќе им понуди или замена на летовите или враќање на средствата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП