9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПаметните телефони на страна, Samsung има нов план

Паметните телефони на страна, Samsung има нов план

„Samsung Electronics“ соопшти дека ќе инвестира 75 милиони евра во австриската компанија „TTTech“, со седиште во Виена.

Оваа компанија се занимава со развивање на технологијата за автономно возење и безбедно управување за автомобилите Audi и други производители.

Новото инвестирање на „Samsung“ во секторот за автономни возила доаѓа откако јужнокорејската компанија ја заврши аквизицијата на „Harman“, кој се занимава со производство на автомобилски навигациони системи и технологија за комуникација на возилата едно со другo, како и со инфраструктура, известува агенцијата АП.

„Samsung“ исто така најави дека во „Harman“ основал деловна единица за надзор на автономното возење.

„Инвестирањето на Samsung во „TTTech“ е прво од фондот вреден 300 милиони долари, кој е наменет за развој на неговата технологија за автономно возење. Од компанијата велат дека фондот ќе инвестира и во автомобилски стартапи.

„Samsung“ е најголем производител на мемориски чипови и паметни телефони во светот.

Компанијата не произвeдува возила ниту поседува автомобилска компанија, но доби дозвола за бизнис во секторот на самовозечки автомобили во Јужна Кореја и Калифорнија за тестирање на софтер и хардвер за автономните автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП