Компанијата „Nestle“ се здоби со мнозински удел во „Blue Bottle Coffee“, во обид да го прошири своето присуство во САД, поради зголемената побарувачка за добри мешавини на кафе, објави „Bloomberg“.
„Nestle“ ќе плати околу 425 милиони долари за 68 отсто од акциите во компанијата со седиште во Оукланд, Калифорнија, вели извор запознат со прашањето за кое сакаше да остане анонимен.
„Blue Bottle“ продава кафе директно на потрошувачите онлајн и управува со 40 продавници во САД и Јапонија. Овој број се очекува да се зголеми на 55 до крајот на 2017-та година, објави „Nestle“.
„Nestle“ има водечка позиција на глобалниот пазар за кафе, а нејзиното лидерство е оспорено од „JAB Holding“, инвестициска компанија на европското семејство на милијардери Рејман. Таа потрошила повеќе од 30 милијарди долари за да ја прошири својата империја за кафе преку купување на компании како „Keurig Green Mountain“ и „Peet’s“.
„И покрај севкупната цена, ние сме позитивно настроени кон договорот, како демонстрација на фокусот на „Nestle“ на една од клучните категории на раст“, рече Ендру Вуд, аналитичар во „Stanford C. Bernstein“.
Акциите на „Нестле“ се намалија за време на почетокот на тргувањето во Цирих.