26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе ќе го напаѓа подиумот во Белгија

Иџе ќе го напаѓа подиумот во Белгија

Викендов во Белгија се вози претпоследната трка во ФИА ЕТЦЦ шампионатот на кружни патеки. Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе, се надева на пласман на подиумот со што би останал во трка за првото место во генералниот пласман.

Игор Стефановски Иџе и неговиот сеат се во топ четворката од девет возачи. Тој е во игра за шампионската титула. Од лидерот Петр Фулин го делат 15 поени, а само два од второпласираниот Шрајбер.

Патеката „Золдер“, на која Иџе ќе ја вози петтата трка оваа година, има четири километри сив асфалт, десет свиоци и 50-годишна традиција. „Золдер“ е непозната патека за нашиот автомобилски ас, но тој истакнува дека целиот тим е комплетно фокусиран кон победа во Белгија.

„АКК Стефановски е подготвен и за овој предизвик. И покрај тоа што ова е патека која не сум ја возел досега, очекувањата се големи. Во екипата владее прекрасна атмосфера, а ние целиме кон победа“, истакнува Стефановски.

В петок на програмата е тренингот, ден подоцна се квалификациите, а в недела на програмата се двете трки. Првата трка се вози во 13:05 часот, а втората 60 минути подоцна.

До крајот на шампионатот, покрај претстојната трка во Белгија, останува само последната трка во Мост во Чешка, која ќе се вози од 6 до 8 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП