10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIKEA инвестира 90 милиони евра во својата прва продавница во Словенија

IKEA инвестира 90 милиони евра во својата прва продавница во Словенија

Шведскиот синџир продавници за мебел „IKEA“ планира да инвестира околу 90 милиони евра во изградбата на својата прва продавница во Словенија, објави „Ројтерс“.

Изградбата треба да започне наскоро, се вели во соопштението на компанијата.

Околу 300 вработени ќе бидат ангажирани во продавницата, рече Владислав Лалиќ, директор на Одделот за недвижности и развој на „IKEA“ за Југоисточна Европа.

Тој коментираше дека „IKEA“ веќе избра 9 градежни компании за изградба на нова продавница во главниот град Љубљана.

Според различни медиуми, продавницата се очекува да се отвори во 2019-та година.

„IKEA“, еден од најголемите светски трговци на мало, сега работи во продавници во соседните Италија, Австрија, Унгарија и Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП