26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХаос во „Ер Берлин“, пилотите масовно на боледување

Хаос во „Ер Берлин“, пилотите масовно на боледување

Германската авиокомпанија „Ер Берлин“, која чека купувач, денеска откажа стотина летови поради големиот број пилоти кои одеднаш заминале на боледување.

„Соочени сме со исклучително голем број боледувања меѓу нашите пилоти и поради тоа неколку летови ќе бидат откажани“, соопшти компанијата.

Германските медиуми утрово јавија дека се откажани околу 100 летови, бројка која расте од час во час и укажува на тоа дека на германските аеродроми претстои хаос.

Откажувањата главно се однесуваат на аеродромите во земјата, во Берлин и во Дизелдорф, но и на аеродромите во Мајорка, Стокхолм и Цирих. Со откажувањето се погодени 9.000 патници.

Весникот „Билд“ пишува за револтот на пилотите кои одбрале боледување наместо штрајк, кога автоматски им се одзема дел од платата.

Во „Ер Берлин“ се вработени 8.000 луѓе. Во јуни компанија ја напушти нејзиниот најголем акционер, компанијата „Етихад“, а „Ер Берлин“ прогласи стечај на 15 август.

Компанијата продолжува со летовите благодарение на итниот заем од германската влада од 150 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП