Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,299.13 -0.01%    GRNT 830.05 1.13%    KMB 5,209.45 3.13%    MPT 40,034.07 6.98%    MTUR 4,695.49 2.08%    OHB 6,413.12 -0.21%    OKTA 4,191.33 1.02%    PKB 14,300.00 2.87%    REPL 63,000.00 0%    RZIN 120.00 -1.64%    RZLE 37.00 0%    RZLV 79.00 9.31%    RZUS 141.00 2.39%    SBT 2,000.00 0%    STB 963.00 1.19%    STBP 900.00 0%    STIL 148.00 -6.92%    TEL 279.65 1.69%    TKVS 4,498.50 4.11%    TTK 983.00 2.97%    UNI 2,590.16 1.31%    ZILU 244.39 0.16%    

Познатиот готвач Лори Томингас од Естонија во Скопје!

Време: 12:27

Датум: септември 12, 2017

Категорија: КОМПАНИИ

Пушен сом со кавијар од пастрмка, супа од цвекло и суво грозје, бавно готвени говедски образи со глазура од десертно вино, свинско маринирано со сенф и смрека, несекојдневни десерти со различни бобинки или пак богат избор на сирења директно од Аркна, едно од најавтентичните села во Естонија?

За некого можеби звучи необично, но ова е само дел од менито кое ќе биде понудено во Дистрикт бар и ресторан во рамки на „Деновите на естонската кујна“.

„Деновите на естонската кујна“ ќе се случуваат од 14 до 21 септември, при кои посетителите ќе имаат несекојдневна можност да го вкусат специјалното мени со класични, но уникатни креации со модерна нишка од естонската гастрономија.

Специјален гостин за ова исклучително кулинарско случување е врвниот готвач од Талин, Естонија – Лори Томингас, кој во ресторанскиот бизнис речиси 20 години, а исто така е и активен и препознаен член во Естонската Асоцијација на готвачи.

Тој своето искуство го носи уште од школските денови кога изучувал хотелски и туристички менаџмент, а по завршување на своето образование, покрај во Естонија, имал прилика да работи и во Шкотска, Норвешка, Франција и Финска.

За себе вели дека во потрага по нови искуства и идеи патувал секаде во светот, пробувајќи различни вкусни, но и чудни и непознати јадења кои му помогнале подобро да ја разбере храната, вистинската вредност на квалитетните состојки и како истите се одгледуваат и користат од различни луѓе во различни делови од светот.

Низ годините професионално искуство работел и како главен готвач во повеќе ресторани, а денес е сопственик и главен готвач на ресторанот „Рис“ во Талин, кој нуди вкусна, но едноставна азиска кујна направена со локални состојки и мал нордиски шмек, но подготвена со многу љубов и страст, токму како што се подготвува низ улиците на азиските држави.

„Познат факт е дека да се биде готвач не е само работа, туку тоа е страст и животен стил и токму оваа девиза е она што ме водеше речиси 20 години досега“, вели познатиот готвач Лори Томингас.

Своето богато, интернационално искуство, Лори Томингас во Дистрикт бар и ресторан ќе го преточи во креативно мени инспирирано од интересната естонска трпеза, но со модерна нишка и влијание од интернационалните кујни, адаптирано дури и за најистенчените вкусови.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Tesla ја смета Германија за најсоодветно место за својата европска Gigafactory

    Tesla ја смета Германија за најсоодветно место за својата европска Gigafactory

    Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ ја преферира Германија за локација за својата европска „гигафабрика“ (Gigafactory), најави главниот извршен директор на компанијата Илон Маск. Ова…

  • Engie поради неплатени даноци ќе мора да плати 120 милиони евра

    Engie поради неплатени даноци ќе мора да плати 120 милиони евра

    Луксембург ќе треба да наплати неплатени даноци од околу 120 милиони евра од францускиот енергетски гигант „Engie“, откако Европската комисија најави дека Големото Војводство ги…

  • Познати добитниците кои ЛУКОИЛ Македонија ќе ги испрати на светското првенство во фудбал во Москва

    Познати добитниците кои ЛУКОИЛ Македонија ќе ги испрати на светското првенство во фудбал во Москва

    На само неколку дена од почетокот на најголемиот и најважниот спортски настан кој ќе ја одбележи 2018 година ЛУКОИЛ Македонија израдува 4 свои лојални корисници…

  • IKEA влегува на огромниот индиски пазар

    IKEA влегува на огромниот индиски пазар

    Пред да се пресели во Индија, Џон Акила управуваше со продавницата на „IKEA“ во Сент Луис, Мисури, која ја посетуваа 1,6 милиони лица годишно. Акила,…

  • Крај на една ера: “Џенерал Електрик” испадна од индексот на “Дау Џонс”

    Крај на една ера: “Џенерал Електрик” испадна од индексот на “Дау Џонс”

    “Џенерал Електрик” на 26 јуни веќе нема да биде меѓу првите 30 американски компании во индексот на берзата “Дау Џонс”. Позицијата на “Џенерал Електрик” во…

  • Најскапите модни брендови

    Најскапите модни брендови

    „BrandZ“ го објави својот годишен рејтинг – „Најскапите брендови во светот“. Во 2018-та година, „Google“ втора година по ред ја освои првата позиција. Рангирањето беше…

  • Газпром го зголеми производството на гас за пет и пол месеци за 9,1%

    Газпром го зголеми производството на гас за пет и пол месеци за 9,1%

    Рускиот гасен гигант „Газпром“ од 1-ви јануари до 15-ти јуни оваа година го зголеми приносот на гас за 9,1 проценти во однос на истиот период…

  • Маск е убеден дека во неговата автомобилска компанија се наоѓа саботер

    Маск е убеден дека во неговата автомобилска компанија се наоѓа саботер

    Илон Маск тврди дека саботерот успеал да влезе во компјутерите со кои работат вработените и да украде „голем број на осетливи податоци“. Производителот на автомобили…

  • Најголемите брендови на часовници сега достапни онлајн и кај нас

    Најголемите брендови на часовници сега достапни онлајн и кај нас

    Навиките за онлајн купување последниов период добиваат сè поголема популарност помеѓу македонските потрошувачи. Имајќи ги предвид потребите на луѓето, брзиот начин на живот и заштедата…

  • Roche го купува остатокот од Foundation Medicine за 2,4 милијарди долари

    Roche го купува остатокот од Foundation Medicine за 2,4 милијарди долари

    Швајцарскиот производител на лекови „Roche Holding“ договорил купувањето на остатокот од „Foundation Medicine“ (FMI) по цена од 137 долари за акција, или вкупно 2,4 милијарди…