17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДискавери Комуникејшнс го зајакнува меѓународниот дигитален тим

Дискавери Комуникејшнс го зајакнува меѓународниот дигитален тим

Компанијата „Дискавери Комуникејшнс“ поттикната од постојаните промени во дигиталната индустрија, најави вработувањето на нови соработници.  Францис Килинг, водечкиот експерт во дигиталната музичка индустрија, се придружува на Дискавери како постар потпретседател на меѓународниот дигитален оддел. Џеј Тринидат, кој моментално го води Дискавери во северна Азија, презема дополнителна улога како извршен директор за дигитални вложувања. Еуџин Хунаг пак, е именуван за постар потпретседател во одделот за развој и технологија. Сите тројца ќе работат под водство на Мајкл Ланг, потпретседател на Диџитал и меѓународен развој.

Како потпретседател на меѓународниот дигитален оддел, Францис Килинг ќе биде задолжен за склопување на нови соработки за Дискавери, за содржините да бидат достапни на поголем број корисници на секаков екран и преку различни услуги. Тоа подразбира и активна улога во OTT иницијативите на Дискавери, а една од нив е неодамнешното заедничко вложувања со ПроЗибен (ProSieben), пазарен лидер во Германија. Килинг ќе развива и покренува нови дигитални производи изработени по барањата на гледачите на сите канали во сопственост на Дискавери.

Килинг до неодамна работеше за Спотифај (Spotify), како водител на оделот за лиценцирање. Пред тоа 10 години работеше за најголемата светска издавачка куќа Универзал Мјузик Груп. Како лидер на дигиталниот оддел ја надгледуваше продажбата на музичките изданија со физичките дигитални формати (симнување, стриминг, претплати).

Ланг изјави: „Францис е извонреден експерт кој помогна во трансформацијата на музичката индустрија кога технолошките промени го нарушија работниот модел. Тој ни доаѓа од компанијата Спотифај, кон која имаме голема почит и која ги препозна дигиталните потреби на своите корисници. Среќни сме што во Дискавери го донесува своето богато искуство и знаење.“

Како извршен директор на меѓународните дигитални вложувања, со седиште во Лос Анџелес, Џеј Тринидат ќе биде задолжен за глобалниот раст на Дискавери брендовите во дигиталното подрачје. Тринидат 10 години помина во Гугл, како еден од првата генерација вработени и работеше на огласување, истражување и развој на Хром, а стигна до лидер на маркетингот за азиското подрачје. Тринидат ќе ја преземе одговорноста заедно со моменталните задолженија кои ги има во компанијата.

Еуџин Хуанг се придружува на Дискавери како потпретседател на одделот за развој и технологија. Ќе работи на развој на меѓународните производи и услуги за сите платформи. Хуанг во Дискавери премина од Американ Експрес, каде работеше како потпретседател за стратегија и планирање и развиваше иновативни системи за наплата и нови можности за дигитална трговија. Пред искуството во Американ Експрес работел во администрацијата на американските претседатели Џорџ Буш и Барак Обама.

Мајк Ланг за вработувањето на Хуанг изјави:„ Еуџин во работењето донесува извонредно техничко знаење, кое нам ќе ни биде многу вредно во развојот на значајни ОТТ проекти низ Европа“. Ланг додаде: „Во соработка со дигиталните, креативните и локалните оддели низ нашата организација, овој тим ќе помогне во поттикнување на дигиталниот развој и забрзување на инвестициите и промените во Дискавери. Нашата можност да привлечеме дигитални светски експерти како Францис, Џеј и Еуџин, зборува многу за нашите амбиции како и за можностите кои тие ги препознаваат за брендовите и содржината на Дискавери во светската дигитална понуда.“

Во последните неколку години Дискавери значајно ја зголеми меѓународната дигитална активност. Како примери ги издвојуваме соработките со BAMTech Europe JV со која се дуплираше бројот на претплатници за услугата Eurosport Player, потоа новиот OTT JV со ProSieben во Германија, покренување на Дискавери и Еуропорт канали со Амазон во Обединетото Кралство и неодамна најавениот Еуропорт на Амазон во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП