28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОKонте останува во Јувентус

Kонте останува во Јувентус

Италијанскиот тренер Антонио Конте ќе остане и следната сезона на клупата на Јувентус, тоа е епилогот од состанокот на талентираниот стратег и челниците на торинскиот клуб.

Како што наведуваат медиумите во Италија, Конте вчера има тричасовен состанок со претседателот Андреа Ањели, генералниот менаџер, Бепе Марота, спортскиот директор Фабио Паратичи и советникот Павел Недевед.

Тој би требало да потпише нов договор до летото 2016-та година со годишна заработувачка од пет милиони евра.

Конте од управата на клубот побарал во летниот преоден рок да бидат ангажирани два врвни напаѓачи, како и Јувентус по никоја цена да не ги продаде везистите Артуро Видал и Пол Погба.

Загрижен дека во екипата дошло до заситување поради двете поред освоени титлули шампиони на Италија, Конте побарал вкупно седум или осум засилувања во текот на летото. Управата ги прифатила неговите барања, а финансиските детали ќе ги разгледаат Марота и Паратичи.

Конте на клупата на Јувентус дојде во летото 2011-та година, а претходно работеше во Аталанта, Бари и Сиена.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП