29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанката JP Morgan под истрага

Банката JP Morgan под истрага

jp1

Регулаторните тела и наложија на американската банка „JP Morgan“, да го поправи своето лошо управување со ризици, кое довело до загуба од над шест милијарди долари.

Американските федерални регулаторни тела, исто така, изјавија дека банката имала пропусти во контролата, со што било овозможено банката да се користи за перење пари.

Банката „JP Morgan“, најголемата американска банка, нема да плати казна од договорот со Банката за федерални резерви и Агенцијата за контрола на парите, која е дел од Министерството за финансии.

Банката вети дека ќе ја зајакне политиката и процедурата за контрола на ризиците, со цел да се спречи перењето пари.

Регулаторните тела, на банката и имаат издадено две наредби, во кои, од неа се бара да изврши промени во својата пракса.

„JP Morgan“ во мај објави дека нејзината канцеларија во Лондон изгубила повеќе милијарди долари во трговијата, која имаше за цел да ја заштити банката од ризици. Банката подоцна објави дека некои трговци се обиделе да го сокријат степенот на загуба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП