4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Goldman Sachs“ може да го зголеми бројот на вработени во Франкфурт

„Goldman Sachs“ може да го зголеми бројот на вработени во Франкфурт

Волфганг Финк, копретседател на „Goldman Sachs“ во Германија, рече дека американската инвестициска банка би можела да го зголеми за три или четирипати повеќе своето присуство во Франкфурт, во согласност со одлуката на Британија да ја напушти Европската унија.

Финк, кој во четвртокот разговараше со банкарите на конференција во германскиот финансиски центар, рече дека се очекува банката да го удвои бројот на своите 200 вработени во Франкфурт. Но, во некои сценарија не е исклучено дека нивниот број може да се зголеми дури тројно.

Широкиот спектар на потенцијални релокации на вработените ја нагласува неизвесноста со која се соочуваат финансиските институции во текот на неизвесната иднина на „Брегзит“, како и начинот на регулирање на банките и крилингот.

Во моментов во Велика Британија се извршуваат најголем дел од европските операции на „Goldman Sachs“. Банката има околу 6.000 даватели на услуги, вклучувајќи брокерски и пазарни трансакции во хартии од вредност, тргување со валути и корпоративни финансии во целиот регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП