Иако еден федерален судија побара од „Samsung“ и „Apple“ да го намалат бројот на уреди во тужбите кои се поврзани со наводната повреда на интелектуалната сопственост, „Apple“ го прави спротивното, односно се обидува да ја прошири својата тужба.
Според последните информации од „Apple“ побарале од судијата кој ја води постапката против „Samsung“ да го додаде и „Galaxy S4“ на листата на уреди за кои веруваат дека ги кршат нивните патенти. „Apple“ моментално има 22 уреди на „Samsung“ на листата за оние кои тврдат дека ги кршат нивните патенти. Но за да го додадат на листата „Galaxy S4“ „Apple“ ќе исфрли еден од постоечките модели кој веќе се наоѓа на листата, па така нивниот број повторно ќе остане 22.
Исто толку уреди има и „Samsung“ на својата листа на уреди на „Apple“ за кои и тие тврдат дека ги кршат нивните патенти.
Судијата претходно побара од двете компании да го намалат бројот на уреди во спорот на 10, односно бројот на патенти кои наводно се кршат на пет.