2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon планира пет милијарди долари за второ седиште на компанијата

Amazon планира пет милијарди долари за второ седиште на компанијата

Гигантот во електронската трговија „Amazon“ соопшти денес дека планира да отвори второ седиште, некаде во Северна Америка, во кое ќе бидат вработени 50.000 вработени и за кое ќе инвестира пет милијарди долари.

„Amazon бара“ понуди за проектот, кој го нарече „HQ2“ и наведе дека приоритет ќе бидат градските области со повеќе милион жители, пренесува Волстрит Журнал.

„Очекуваме дека „HQ2“ ќе биде целосно рамноправно со нашето седиште во Сиетел“, изјави основачот и директор на „Amazon“, Џеф Безос.

„Amazon“ проценува дека неговото седиште во Сиетел, отворено 2010 година, донело дополнителни 38 милијарди долари инвестции во локалната економија.

Високи претставници на „Amazon“ ќе можат да бираат дали со својот тим ќе бидат сместени во Сиетел или во вториот „HQ2“ или во двете седишта, наведувааат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП