Францускиот произведувач на автомобили ПСА груп, наводно во 1,9 милиони дизел возила „пежо“ и „цитроен“ вградил софтвери кои можат да направат измама на тестовите за испуштање на штети гасови, пишува весникот Ле Монд.
Во текстот на францускиот весник се наведува дека ПСА груп користела специјални уреди со кои моторите се програмирале да го променат нивото на испуштање на гасови за време на тестирањето. Притоа се додава дека компанијата би можела да плати казна и од 5 милијарди евра.
ПСА ги негирала ваквите надови и предупредила дека ќе поднесе тужба поради новинарскиот текст.
„Возилата никогаш не биле опремени со софтвер или некој систем кој овозможува лажирање на тестовите“, соопштила ПСА.
Во Франција е покрената истрага против неколку производители на автомобили, по откривањето дека Фолцваген направил измама со тестовите за издувни гасови во САД.