4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛего ќе отпушта вработени поради лошата заработувачка

Лего ќе отпушта вработени поради лошата заработувачка

Компанијата „Лего“ ги објави плановите за намалување на 8 отсто од своите вработени, откако извести за пад од 5 отсто во полугодишните приходи, објави „Ројтерс“.

Производителот на познатите пластични конструктори чии акции не се тргуваат на берзата, објави приход од 14,9 милијарди дански круни (2,38 милијарди долари). Резултатите се подобри од оние на неговите ривали „Хасбро“, производителот на „Моето мало Пони“, и „Мател“, која ги прави куклите Барби, од 1,82 милијарди долари и 1,71 милијарди долари соодветно.

Добивката на „Лего“ падна за 3% на 3,4 милијарди круни (544,000 долари).

„Ние сме разочарани од падот на приходите на нашите добро воспоставени пазари и презедовме чекори за да се справиме со тоа“, рече претседателот на компанијата Јорген Виг Кнудсторп.

„Лего“ ќе намали речиси 1.400 работни места, од кои повеќето ќе бидат пред крајот на 2017-та година. Во моментов, 18.200 луѓе работат за концернот.

Минатиот месец „Лего“ го замени својот главен извршен директор, Британецот Бали Пада, по само осум месеци со Нилс Б. Кристиансен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП