7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOpel дневно губи 4 милиони евра

Opel дневно губи 4 милиони евра

Според неофицијалните извештаи, за првата половина од оваа година, „Opel е „во минус“ невројатни 460 милиони долари.

Претходните 16 одини „Opel“ работеше со големи загуби, пред се поради големите инвестиции во намалувањето на емисиите на штетни гасови кај неговите модели.

„Opel“ како дел на „GM“ мораше сам да работи на овој потфат, поради тоа што европските закони по повод емисиите на штетни гасови на автомобилите се далеку построги.

Во разговорите со челниците на „PSA“ и „Opel“ кои се одржани минатата недела, потврдено е дека германскиот производител ќе задржи некои од своите мотори, но дека повеќето ќе бидат заменети со агрегати од „PSA“.

Исто така, огромното развојно одделение на „Opel“ кое брои 7.700 работници ќе биде практично десеткувано, бидејќи ќе останат само 800 лица. Покрај тоа, „Opel“ наскоро ќе прејде на „PSA“ платформата, со што се оствари значителни заштди.

Карлос Тавареш, шефот на „PSA“, претходно изјави дека очекува дека „Opel“ ќе стане профитабилен најдоцна до 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП