Во 2012-та година „Bentley“ кој е дел од „Volkswagen Group“ успеа да продаде 8510 автомобили, што е за 22 проценти повеќе од претходната година.
Реализираните приходи на компанијата се во износ од 2.5 милијарди долари, а просечната цена на еден нов автомобил е 300 илјади долари.
Речиси 40 проценти од продажбата на „Bentley“ е реализиранa во Кина, додека во Јапонија е забележан раст од 73 процени или 190 примероци.
Покрај високата цена, автомобилите се една од омилените марки на милионерите и милијардерите, но исто така и на фудбалерите.
Еве некои од гордите сопственици на „Bentley“:
Марио Балотели (Милан)
Дејвид Бекам (ПСЖ)
Патрис Евра (Манчестер Јунајтед)
Рајан Гигс (Манчестер Јунајтед)
Рио Фердинанд (Манчестер Јунајтед)
Кристијано Роналдо (Реал Мадрид)
Карлос Тевез (Манчестер Сити)
Стивен Џерард (Ливерпул)
Џон Тери (Челзи)
Димитар Бербатов (Фулам)
Нани (Манчестер Јунајтед)
Мартин Скртел (Ливерпул)