сабота, 4 февруари 2023
ПочетнаКОМПАНИИВип ја објави соработката со новиот државен рекордер во атлетика Дарио Ивановски

Вип ја објави соработката со новиот државен рекордер во атлетика Дарио Ивановски

Вип со гордост го објавува почетокот на соработката со државниот рекордер во атлетика Дарио Ивановски, со што уште еднаш ја докажува посветеноста на компанијата на македонскиот спорт и на младите таленти кои бележат исклучителни резултати.

“На Дарио му посакуваме добредојде во големото Вип друштво во кое владее позитивна енергија, посветеност и меѓусебна доверба насочени кон постигнување врвни успеси. Убеден сум дека овие карактеристики кои не зближуваат ќе придонесат за уште поголеми успеси за двете страни во индина”, изјави Димитар Ковачевски, извршен директор на Вип.

20 годишниот Дарио го постави новиот државен рекорд на 3000м на атлетскиот митинг што неодмана се одржа во Нови Сад, Србија. Со резултатот од 8.17.92 го сруши рекордот стар 25 години на македонската легенда Јонуз Јонузи. За само две сезони Дарио постигна рекорд на 1000 метри, на 3000 метри во сала и 3000 метри на отворено.

“Чест и задоволство ми е што во индина ќе се натпреварувам под покровителство на еден од најуспешните брендови во земјата, познат поддржувач на спортот. Ова е мотив повеќе и голема одговорност да продолжам во освојувањето на престижни награди на кои ќе се гордее целата Вип заедница”, изјави Дарио Ивановски.

Резултатите се постигнати под водство на тренерот Игор Јакимовски, познат македонски маратонец кој е дел од професионалната атлетика повеќе од 20 години. Тој е сеуште активен и покрај тренинзите активно учествува на натпревари што го прави овој тандем уникатен во своето функционирање. Игор го држи рекордот за најмногу истрчани трки и тоа со над 40 настапи во сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП