4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗагуба во Croatia Airlines поради штрајкот

Загуба во Croatia Airlines поради штрајкот

croatiashtrajk1

„Croatia Airlines“ поради штрaјкот на пилотите и стјуардесите само во текот на вчерашниот ден забележа загуба од еден милион куни (131.000 евра), а ако синдикатот продолжи со штрајкот, компанијата објавува дека загубите ќе бидат многу поголеми.

Освен паричната штета, која во најголем дел е предизвикана од изнајмувањето на заменски авиони, компанијата страда и од нарушување на угледот.

Но, претставниците на синдикатот истакнуваат дека тие поради тоа не можат да сносат одговорност.

По вчерашните неуспешни преговори, новиот круг на преговори ќе се одвива во текот на денешниот ден.

Националната компанија во текот на вчерашниот ден откажа 24 домашни и меѓународни летови, за пет летови беше променет редот на летање, а за 23 летови беа изнајмени авиони од други авиокомпании. Денес се откажани 22 летови, додека за 23 летови ќе бидат изнајмени авиони од други компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП