11 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром објави дека ќе го заврши Северниот поток 2 и покрај санкциите...

Газпром објави дека ќе го заврши Северниот поток 2 и покрај санкциите на САД

Проектот „Северен поток 2“, во вредност од 11 милијарди долари, кој има за цел да додаде втор гасовод од Русија кон Европа, ќе биде изграден без разлика како им се интерпретирани новите санкции од САД, изјави претставник на „Газпром“ за време на конференциски повик во средата.

Претставниците на „Газпром“ изјавија уште за време на разговорот со инвеститорите дека неодамна наметнатите санкции од САД не и забрануваат на компанијата да зема заеми од странство, пренесува „Ројтерс“.

САД неколку пати воведоа санкции против руски компании и лица поради учество на Москва во кризата во Украина и поради наводната вмешаност на претседателските избори во САД во 2016-та година.

Најновиот сет на казнени мерки од САД беше наметнат на Москва во текот на овој месец. Тие вклучуваат санкции за странски компании кои инвестираат или поддржуваат руски енергетски студии. Покрај тоа, санкциите го намалија периодот за правните субјекти со седиште во САД да обезбедат средства за руските енергетски компании од 90 до 60 дена.

Александар Иванов, претставник на „Газпром“, за време на разговорот рече дека законодавството е нејасно и може да биде широко толкувано.

„Според првичните проценки тоа не ја уништува можноста „Газпром“ да зема заеми од странство“, рече тој, додавајќи дека компанијата и партнерите „се обидуваат да добијат јасност на санкциите“.

Дури и ако има ризици, проектот „Северен поток 2“ ќе биде исполнет независно од објаснувањата на адвокатите и Министерството за финансии на САД“, рече тој.

Претходно оваа година „Unioer“, „Wintershall“, „Shell“, „OMV“ и „Engie“ договорија да дадат на заем по 10% од вредноста на гасоводот.

„Газпром“ ќе остане единствениот акционер во „Северен поток 2“, оптоварувајќи се со 50% од трошоците за гасоводот, кој ќе има капацитет да пренесува 55 милијарди кубни метри гас годишно на германски терминал. Тој се очекува да започне со работа во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП