4 јули, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕНајдобар природен начин за елиминирање на непријатниот здив

Најдобар природен начин за елиминирање на непријатниот здив

Непријатниот здив може да биде многу обесхрабрувачки, бидејќи околината таквите лица ги избегнува, а тоа лице подоцна станува несигурно.

Ако причината не е некое метаболичко пореметување, проблемот можете да го решите крајно едноставно, доколку денот го започнете со одреден вид на овошје и јогурт.

Јогуртот го намалува нивото на хидроген-сулфид, предизвикувачот на непријатен мирис, а некогаш неговата појава ја елиминира во целост, објаснуваат експертите.

Освен јогурт, се препорачува и почесто консумирање на овошје, особено јаболка, кои важат за неприкосновени чистачи на забите и природни освежувачи на здивот. Истиот ефект ќе го постигнете и ако за појадок или ужинка изедете порција бобичести овошја, диња, портокал, киви или друго овошје богато со витамин Ц.

Крцкавите круши и морковот исто така се делотворни. Имаат висока содржина на влакна кои во комбинација со плунката успешно ги отстрануваат сите честички на непријатен мирис во устата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар