3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon доби „зелено светло“ за купување на Whole Foods

Amazon доби „зелено светло“ за купување на Whole Foods

Американската компанија за е-трговија „Amazon.com“ расчисти два од најголемите предизвици во затворањето на договорот за купување на „Whole Foods“ за 13,7 милијарди долари. Таа доби одобрување од американскиот регулатор и акционерите на синџирот за исхрана за договорот, објави „Ројтерс“.

Федералната трговска комисија на САД објави дека нема да започне истрага за спојувањето, откако ќе разгледа дали договорот нема да ја намали конкуренцијата или да доведе до нелојална конкуренција.

„Amazon“ рече дека ќе заврши со спојувањето, што се очекува да се случи во текот на оваа година. Претходно, „Whole Foods“ изјави дека нејзините акционери гласале за договорот.

Купувањето на „Whole Foods“ му дава најголемиот онлајн трговец во светот сериозна предност во однос на американскиот пазар за храна во вредност од 700 милијарди американски долари. Ова е клуч за добивање на поголем дел од трошењето на купувачите и давање на „Amazon“ повеќе од 465 физички продавници, каде што може да покаже производи и готови пакети за испорака за дома.

Договорот ја шокираше индустријата на супермаркети, која веќе води ценовна војна.

Поголемите синџири како „Kroger“, кој има 2.796 продавници, и „Wal-Mart Stores“ се натпреваруваат да додаваат опции за онлајн шопинг за да не заостануваат зад „Amazon“. Во меѓувреме, тие се принудени да прават кратења, додека германските синџири на продавници „Aldi“ и „Lidl“ се прошируваат во САД.

„Тие се дефинитивно под притисок“, рече аналитичарот на „eMarketer“, Патриша Орсини, „без каква било стратегија за е-трговија ќе ги изгубите оние купувачи за конкуренти“, рече таа.

„Amazon“ има лојални клиенти благодарение на својата премиум услуга за претплата. Сепак, нејзините напори со децении да продава храна не успеаја да ги надмине конкурентите со физички продавници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП