4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКонзорциумот со Western Digital ќе понуди повеќе од 17 милијарди долари за...

Конзорциумот со Western Digital ќе понуди повеќе од 17 милијарди долари за бизнисот на Toshiba

Конзорциумот, вклучувајќи го и „Western Digital“, ќе понуди 1.9 илјади милијарди јени (17,4 милијарди долари) за делот со чипови на „Toshiba“ што кинескиот конгломерат се обидува да го продаде за да се покријат загубите од американската нуклеарна подружница „Westinghouse“, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на свои извори.

„Western Digital“ ќе понуди 150 милијарди јени преку конвертибилни обврзници и нема да бара право на глас во бизнисот, велат изворите запознаени со договорот, кои побарале анонимност поради доверливост на преговорите.

Конзорциумот ја вклучува уште компанијата за приватни капитални инвестиции „KKR & Co“, како и државните „Innovation Network Corp of Japan“ и „Development Bank of Japan“. Секоја од трите компании ќе понуди 300 милијарди јени за бизнисот со чипови.

„Toshiba“ соопшти дека нема да ги коментира дискусиите со потенцијалните кандидати за бизнисот со чипови. „Western Digital“ исто така не коментираше веднаш по објавата, а „KKR“ одби да коментира.

Потсетуваме дека во јуни за најпосакуван кандидат веќе беше избран конзорциумот, во кој влегуваат јапонски фондови, финансискиот инвеститор „Bain Capital“ и јужнокорејскиот производител на чипови „SK Hynix“. Предлогот во голема мера беше предводен од Министерството за трговија на Јапонија, која сака да ја задржи технологијата за чипови под контрола на државата.

Сепак, против изборот, беше поднесено тврдење од „Western Digital“. Компанијата, која заедно со „Toshiba“ ја управува нејзината основна фабрика за чипови, тврди дека нејзиниот партнер ги нарушува нивните заеднички договори. Таа, исто така, се сврте кон американски суд во обид да го спречи договорот за кој не се согласи. Сите овие акции доведоа до тужбата на „Toshiba“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП