26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCarlsberg со одлични резултати во првата половина од годината

Carlsberg со одлични резултати во првата половина од годината

Данскиот производител на пиво „Carlsberg“ соопшти дека профитот на оваа компанија пораснал во првите шест месеци од оваа година.

Профитот скокнал и покрај падот на продажбата на клучниот источноевропски пазар, особено во Русија.

Приходот на компанијата која го произведува и пивото „Tuborg“, кога ќе се исклучат промените на валутите и еднократните ефекти, порасна за два проценти во однос на истиот периoд минатата година, на 31,8 милијарди круни (околу 4,28 милијарди евра).

Нето профитот порасна за 23 проценти, на 2,3 милијарди круни. Добивката од работењето, односно профитот без камати, даноци и еднократни трошоци, е зголемен за речиси 20 проценти, на 4,1 милијарди круни, со што значително ги надмина проценките.

Директорот на „Carlsberg“ Чест Харт изјави дека компанијата „остварила одлични резултати во првата половина од годината, откако ја зголеми заработкатата и протокот на пари и го намали односот меѓу долговите и капиталот“.

Тој додаде дека е особено задоволен со зголемувањето на продажбата на „Tuborg“ во Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП