3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПонудата на Great Wall за купување на Fiat-Chrysler била одбиена

Понудата на Great Wall за купување на Fiat-Chrysler била одбиена

Во последните 2 години италијанско-американскиот концерн „Fiat-Chrysler Automobiles“ (FCA) е поставен на „тезга“ за продажба, како неговиот извршен директор Серџио Маркионе на неколку пати најави пред медиумите дека сака спојување со друг голем производител.

Досега, сепак сериозни понуди недостигаа, но сега таква е веќе понудена и таа е од познатиот кинески автомобилски концерн, објави „Automotive News“.

Според извори на весникот предлогот на азијатите е отфрлен поради ниската вредност, но се очекува преговорите да продолжат и да има нова понуда. Се тврди дека кинескиот кандидат е „Great Wall“, а негови претставници биле забележани во седиштето на „FCA“ во Оубурн Хилс, Мичиген. За возврат шефови на концернот патувале до Кина, за да се видат со раководството на „Great Wall“.

Во моментов кинеските компании се под силен притисок од локалната влада, која сака да го зајакне своето влијание надвор од земјата со купување на големи странски компании. „FCA“ изгледа како идеална цел, бидејќи во последните години бележи значително намалување на загубите по оптимизирање на производството и на намалување на гамата.

Други извори тврдат дека интерес за италијанско-американскиот концерн има и од барем уште еден голем кинески производител – „Dongfeng Motor“, „Zhejiang Geely Holding Group“ или локалниот партнер на „FCA“ – „Guangzhou Automobile Group“. Засега Маркионе и останатите шефови на „FCA“ молчат во врска со прашањето што ги засилува шпекулациите.

Идејата на Кинезите е да ги купат најуспешните марки на „FCA“ – „Jeep“ и „Ram“, како и „Chrysler“, „Dodge“ и „Fiat“, но не и „Maserati“ и „Alfa Romeo“. Овие две компании, како и „Ferrari“, ќе бидат вратени на концернот „Exor“ – холдинг компанија контролирана од фамилијата Ањели, што за возврат го поседува и контролниот пакет акции на италијанско-американскиот производител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП