20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманскиот енергетски концерн RWE објави петкратен раст на нето добивката

Германскиот енергетски концерн RWE објави петкратен раст на нето добивката

Германскиот енергетски концерн „RWE“ објави нето добивка од 2,7 милијарди евра, што е речиси петпати над позитивниот финансиски резултат, забележан минатата година, информира германскиот бизнис весник „Ханделсблат“.

Компанијата ја заврши финансиската 2016-та година со загуба од околу 6 милијарди евра.

Други германски енергетски компании порано исто објавија одлични резултати. „EnBW“ соопшти за профит од 1,7 милијарди евра, а „E.on“ од 4 милијарди евра.

Позитивно врз балансот на компаниите од секторот се одразува одлуката на Берлин да ги врати средствата собрани од данокот на нуклеарното гориво меѓу 2011-та година и 2016-та година, откако судот го отфрли данок како неправеден.

„RWE“ добила при обновата на данокот близу 2 милијарди евра, вклучувајќи камати.

Без влијание на еднократни фактори профитот се зголемува за 35 проценти до 809 милиони евра. Оперативната добивка пред оданочување и такси се зголемува за 17 проценти до 2,2 милијарди евра.

„„RWE“ најверојатно ќе ја заврши тековната година во горниот опсег на прогнозите“, посочува шефот на компанијата Ролф Мартин Шмиц.

Концернот очекува нето профит од 1,3 милијарди евра без влијанието на еднократните ефекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП