26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерхио Бускетс: Итно ни се потребни засилувања

Серхио Бускетс: Итно ни се потребни засилувања

Играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, смета дека на тимот итно му се потребни засилувања до крајот на преодниот рок и дека е оптимист пред реваншот со Реал во Суперкупот и покрај тоа што неговиот тим има негативен резултат.

„Потребни ни се засилувања. Не поради овој резултат, туку за да се освежи тимот. Ситуацијата е тешка, но на „Бернабеу“ ќе одиме со намера да победиме. Ова е разочарувачки за нашите навивачи, но во минатото покажавме дела можеме да победуваме во Мадрид“, рекол Бускетс.

Реваншот во Суперкупот ќе се одигра в среда во Мадрид од 23 часот, а Реал по првиот меч има предност од 3:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП