20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLockheed Martin доби договор од 8 милијарди долари за специјалците на САД

Lockheed Martin доби договор од 8 милијарди долари за специјалците на САД

Американската компанија во областа на одбраната „Lockheed Martin“ добила нарачка во вредност од 8 милијарди долари за логистичка поддршка за специјалците на САД, соопшти Пентагон, цитиран од агенциите.

Американските воени сили често се потпираат на надворешните подизведувачи за голем број на услуги, вклучувајќи логистика во магацините, како и одржување, модификации и поправка на авиони и автомобили.

Според договорот „Lockheed Martin“ ќе обезбеди поддршка на специјалците, вклучувајќи т.н. фоки (SEAL).

10-годишниот договор во пракса е продолжување на сегашниот ангажман на „Lockheed Martin“, кој требаше да истече во септември 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП