26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобриот извештај придонесе за раст на акциите на Coca-Cola HBC

Добриот извештај придонесе за раст на акциите на Coca-Cola HBC

Компанијата за флаши „Coca-Cola HBC“ објави дека силниот раст на продажбата, зголемувањето на цените и некои други фактори доведоа до зголемување на профитот за првата половина на 2017-та година, пренесоа светските агенции.

Компанијата „останува на пат да постигне раст на приходите и профитот за целата година“.

Се очекува влијанието на девизниот курс врз дообработката на резултатите да биде неутрална во однос на претходните прогнози за негативно влијание на вредност од 15 милиони евра на оперативната добивка.

За шесте месеци до 30-ти јуни, учинокот на Концернот на добивката пред даноци е од 254,2 милиони евра, зголемување во однос на резултатот од 190,9 милиони евра во истиот период од минатата година кај нето приход од продажби од 3,21 милијарди евра наспроти 3,04 милијарди евра една година порано.

Нето добивката за првото полугодие се зголеми до 191,6 милиони евра во споредба со 140 милиони евра при зголемувањето на вкупните количини со 1,4 отсто.

Освен тоа „Coca-Cola HBC“ има зацртани мерки за преструктуирање во вредност од 26 милиони евра, кои ќе генерираат заштеди од 14 милиони евра по 2017-та година. Компанијата очекува и дополнителни 15 милиони евра од претходните мерки за реструктуирање.

Резултатите беа добро примени на берзата и акциите на компанаијата поскапеа за 9,1 отсто, заземајќи го лидерското место во водечкиот британски индекс „FTSE 100“. Од почетокот на годината зголемувањето на цената е од 46% при раст на индексот во износ од 4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП