18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕкономското заздравување на Европа помогна во резултатите на Adecco

Економското заздравување на Европа помогна во резултатите на Adecco

Обновувањето на економијата во многу региони на Европа ги наполни во вториот квартал од годината касите на најголемата во светот компанија за човечки ресурси „Adecco Group AG“, пренесува „Ројтерс“.

Приходите на компанијата скокнаа со 5% до 5,97 милијарди евра, додека профитот се зголеми за 1 отсто до 192 милиони евра, објави швајцарскиот концерн со седиште во Глатбруг до Цирих. Консензус прогнозата на аналитичарите беше за малку подобри резултати – добивка од 194 милиони евра и приходи од 6,03 милијарди евра.

„Насекаде гледаме постојан пораст“, изјави главниот извршен директор Ален Дехејз во интервју за „Ројтерс“. Лидерот во индустријата ги нарекува изгледите за следните месеци „позитивни“.

„Дефинитивно сум оптимист отколку пред три или шест месеци“, вели тој.

Особено добро се развива бизнисот на конкурентот на „Manpower“ и „Randstad“ повторно на Пиринејскиот полуостров и Италија, како и на најголемиот единечен пазар – Франција. Таму започнатите структурни промени на пазарот на трудот ги дале своите резултати. „Не гледам причина тоа да престане наскоро“, појаснува директорот на „Adecco“.

За сметка на тоа, сепак расте несигурноста предизвикана од излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Приходите во регионот Велика Британија, Ирска и Северна Америка предвид мал пад. „Тоа се должи најверојатно на „Brexit““, признава Дехејз. Тој очекува стабилизација или благо намалување за Велика Британија, но не е значително влошување.

Податоците не се прифатија добро од берзата. Акциите се намалија привремено со речиси 5%. „Adecco“ ги исполни делумно пазарните очекувања, вели „трејдер“. Органскиот раст од 5% бил фрустрирачки. Пазарот очекувал пораст за 5,5 отсто, коментира „Vontobel Bank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП