8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток кој ќе ви помогне да намалите повеќе од 11 килограми (видео)

Напиток кој ќе ви помогне да намалите повеќе од 11 килограми (видео)

Со помош на овој напиток може да ослабите повеќе од 11 килограми, а рецептот можете да го прилагодите на намирниците кои ги имате во вашиот фрижидер.

Интернетот е преполн со интересни туторијали кои не учат не само како да се нашминкаме, облечеме или потстрижеме, туку и како да направиме вкусни и здрави напитоци. Така случајно го откривме каналот на овој човек кој се претставува со името Џон и кој веќе со години се занимава со проучувањето на здравите напитоци.

Овој сега веќе познат нутриционист верува дека суштината на слабеењето е всушност внесување на голема количина на овошје и зеленчук во телото, но бидејќи никој не може да ја изеде таа количина секој ден, најефективно е да го направите овој магичен напиток.

Џон објасни дека најдоброто решение за слабеење е оној напиток кој ќе го нахрани вашето тело, ќе му ги даде потребните материи, но и неопходната хидратација. Исто така, тој верува дека ова е идеално решение за сите оние кои не го сакаат вкусот на зеленчукот – бидејќи кога од него ќе се направи сок, вкусот е сосема поинаков.

Она што е најдобро од се е дека не ви е потребен рецепт за напиток од збор до збор, бидејќи клучот всушност е во големата количина на хранливи материи, витамини, минерали кои ќе го поправат вашето здравје и ќе го поттикнат метаболизмот побрзо да работи. За да ви помогне во правењето на овој напиток, Џон ја даде основата, а вие можете да го додадете она што го имате во домот, зеленчук и овошје кои се во сезоната или оние кои ги сакате.

Во напитокот задолжително ставете целер – полн е со вода, што е добро за хидратацијата, а е одличен извор на електролити, а истото важи и за краставицата. Не заборавајте да ставите и морков, богат е со каротен и ќе го збогати вкусот. Истиот ефект ќе го даде и јаболкото, кое ќе му даде сладок вкус на напитокот. Доколку сте во можност, одлично е во овој моќен напиток да додадете и една тиквичка. Иако не спаѓа во основните состојки, се препорачува да додадете и зелена салата, бидејќи е една од најмоќните намирници на светот кога станува збор за хранливите материи. Кога ќе ја направите основата, додадете брокули, магдонос, грејпфрут, портокал, лимон, всушност се што ви е при рака…

Подготовката е едноставана – измијте ги основните намирници, одберете додатоци и исчистете ги и се ставете во соковник. Пријатно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП