19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's подготвува експанзија во Кина

McDonald’s подготвува експанзија во Кина

Американскиот синџир со брза храна „McDonald’s“ се обложува дека кинеските корисници уште ги сакаат нејзините производи. Најголемата синџир за брза храна во светот денеска соопшти дека планира да отвори 2.000 нови ресторани во Кина во текот на следните пет години, јави „CNN“.

Ако компанијата го исполни ова, вкупниот број на нејзини установи во азиската земја ќе достигне 4.500.

„Кина наскоро ќе стане нашиот најголем пазар надвор од САД“, изјави главниот извршен директор на „McDonald’s“, Стив Истрбрук.

Компанијата и нејзините нови деловни партнери во Кина – инвестициските фирми „Citic“ и „Carlyle Group“ – се надеваат дека новите ресторани ќе помогнат за постигнување на двоцифрен раст на продажбата на компанијата во секоја од наредните пет години. Целта на „McDonald’s“ сега се помалите кинески градови.

Новите планови доаѓаат во позадина на фактот дека „McDonald’s“ го продаде поголемиот дел од својот кинески бизнис на „Citic“ и „Carlyle“, наведувајќи дека тие го знаат подобро локалниот пазар. Согласно договорот, објавен претходно оваа година, „McDonald’s“ се уште поседува 20% од акциите во бизнисот.

Потегот беше дел од тековните напори на Истрбрук да ги преиспита процесите во глобалниот синџир за брза храна. Последниот финансиски извештај на компанијата ги задоволи инвеститорите, а растот на продажбата во САД се покажа дека Американците се враќаат кон „McDonald’s“.

Ова не е единствената голема американска компанија, чиј бренд влегува подлабоко во Кина.

„Starbucks“ објави минатата година дека планира да отвори по повеќе од една нова установа деневно во Кина во следните пет години. Нејзината цел е да има 5.000 објекти во Кина до 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП