9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoyal Bank of Scotland ќе го пресели своето седиште во Амстердам по...

Royal Bank of Scotland ќе го пресели своето седиште во Амстердам по Brexit

„Royal Bank of Scotland Group“ објави дека нејзината централа за Европската унија по „Brexit“ ќе биде во Амстердам.

„Напредуваме во преговорите со холандската централна банка да отвориме мала европска централа во Амстердам. Тоа е многу логичен пазар за нас, имаме банка таму и таа има право на лиценци за нас“, коментира главниот финансиски директор Јуан Стивенсон.

Во меѓувреме банката ги забележа своите квартални резултати, кои се покажаа доста позитивни. Оперативната добивка на кредитната институција се зголемува до 1,69 милијарди фунти во вториот квартал, соопшти „Bloomberg“. Приходите во вториот квартал растат со 32% до 3,6 милијарди фунти.

Во првото полугодие од оваа година „RBS“ се враќа кон профит од 939 милиони фунти, откако за истиот период минатата година забележа загуба од 2 милијарди фунти, посочува „ВВС“.

Банката забележа трошоци за тужби од 396 милиони фунти, во голема мера поврзани со решавањето на прекршоци при продажба на американските хипотекарни производи.

Што се однесува до новата централа во Амстердам, таа ќе има околу 150 вработени, а дел од нив ќе бидат преместени од Лондон, а други ќе бидат именувани.

Британските власти држат 73 проценти удел во „RBS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП