18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle отвара нова фабрика во Јапонија за егзотични вкусови

Nestle отвара нова фабрика во Јапонија за егзотични вкусови

„Nestle“ ја отвара првата фабрика во Јапонија во последните 25 години, за да ја задоволи побарувачката на егзотични вкусови на „Kit Kat“, соопшти „BBC“.

Додека овој производ обично се преферира чоколаден, во Азија вкусовите се наоѓаат доста различни.

Аромати како васаби и зелен чај помогнаа во продажбата на „Kit Kat“ во Јапонија да се зголеми за 50% од 2010-та година, објави „Nestle“.

Фабриката ќе го фокусира своето производство на поскапите варијанти на чоколадната закуска, која станаа хит меѓу туристите.

Трошоците на посетителите за кондиторски производи се зголемија повеќе од три пати во текот на последните четири години, според владините податоци, до околу 1,22 милијарди долари.

„Во последните неколку години „Nestle“ успеа да демонстрира добар раст во Јапонија покрај предизвикот од средината“, коментира портпаролот на компанијата. Според него добрите перформанси може да се објаснат со стратешкиот фокус на иновациите.

Идејата за „KitKat“ е развиена во Велика Британија во 1935-та година, но сега Јапонија е втор најголем корисник на „KitKat“ во светот, благодарение на невообичаените вкусови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП