12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoftBank ќе направи директна понуда за Charter

SoftBank ќе направи директна понуда за Charter

Масајоши Сон, извршен директор на јапонскиот конгломерат „SoftBank Group Corp.“, планира да направи директен предлог за „Charter Communications Inc.“ откако кабелската компанија одби предлогот за спојување со „Sprint Corp.“, пренесува „Bloomberg“, повикувајќи се извор, запознаен со темата.

Сон планира да ја оствари понудата оваа недела преку „SoftBank“, изјави изворот кој побарал да не биде идентификуван пред јавното објавување. Планот не е целосен и може да се промени, додава тој. „Sprint“ планира да ги објави тримесечните резултати на 1-ви август.

Планот на Сон би можел да ги продолжи преговорите за зделкaта кои изгледаа „мртви“ на крајот на викендот, откако „Charter“ објави во изјава дека не е заинтересирана за купување на „Sprint“, мобилниот оператор на САД, контролиран од „SoftBank“. Сон порано предложи договор кој би создал нова јавна компанија која ќе ги проголта и комбинира „Sprint“ и „Charter“, изјавија минатата недела извори запознаени со прашањето.

„Разбираме зошто таква зделка е привлечна за „Softbank“, но „Charter“ нема интерес да се здобијат со „Sprint““, изјави „Charter“ во изјавата пред „Bloomberg“ да ги соопшти последните планови на Сон.

Од крајот на мај „Charter“ и „Comcast Corp.“ се во ексклузивни разговори со „Sprint“ за можни зделки, вклучувајќи и такви кои им овозможуваат на кабелските компании да препродаваат безжични услуги под сопствените брендови.

Ексклузивноста заврши оваа недела, а „Charter“ одлучила да не склучува договор за препродажба со „Sprint“, појаснува друг извор, запознаен со предметот.

„Charter“ има пазарна вредност од повеќе од 100 милијарди долари, но и долг за над 63 милијарди долари. Нејзините приходи изнесуваат 40,8 милијарди долари во текот на изминатата година.

Калифорнискиот милијардер Џон Мелоун држи 21% од уделите во „Charter“ преку „Liberty Broadband Corp“. Сон се сретнал со Мелоун и Ворен Бафет, за да разговара со потенцијални инвестиции во „Sprint“, соопштија лица запознаени со прашањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП