20 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИIntel го дуплираше профитот

Intel го дуплираше профитот

Најголемиот светски производител на чипови „Intel“ се претстави добро благодарение на заздравувањето на пазарот на компјутери и силната побарувачката на сервери во последниот квартал.

Во трите месеци до крајот на јуни добивката бележи раст од 1,3 милијарди на 2,8 милијарди долари – раст од 111%, објави Концернот по крајот на берзанското тргување.

Потребно е да се напомене сепак дека минатата година резултатот настрада поради високите еднократни трошоци. Но и во однос на приходите на компанијата ги надмина со 10% раст до 14,8 милијарди долари очекувањата на аналитичарите, пренесува „Ројтерс“.

Чистата добивка изнесува 0.72 долари по акција, додека анкетирани од „Thomson Reuters“ аналитичарите очекуваа профит од 0,68 долари за акција при приходи од 14,4 милијарди долари.

По вториот последователен силен квартал компанијата ја зголеми својата цел за тековната фискална година. Сега Концернот очекува приходи од 61,3 милијарди долари – со 1,3 милијарди долари повеќе од досегашните предвидувања. Во однос на чистата добивка по акција сега „Intel“ се надева на 2,66 долари во однос на 2,56 долари, колку што беше претходната прогноза.

За споредба за 2016-та година „Intel“ објави приходи од 59,4 милијарди долари при оперативен профит од 12,9 милијарди долари и добивка по акција од 2,72 долари пред даноци.

Единица со чипови кои се вградуваат во центарот за податоци на операторите на облачни услуги забележа раст од 9%. „Intel“ веќе генерира околу 30% од вкупните приходи со продажба на слични чипови и гледа во оваа компонента огромен потенцијал.

Во бизнисот со персонални компјутери „Intel“ страдаше во минатото заради намалувањето на пазарот и силната конкуренција на „AMD“, која во март ги зголеми конкурентните притисоци со новиот чип „Ryzen“. Сепак „Intel“ се справува добро тука и предвиде приходи од 8,2 милијарди долари – раст од 12 отсто.

Главниот извршен директор Брајан Крзанич покажува задоволство од резултатите и проговори за „неверојатниот квартал со силен раст“. И инвеститорите беа задоволни, како акцијата забележа раст од 4% во берзанската сесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП