11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei со раст од 15% на приходите во првото полугодие

Huawei со раст од 15% на приходите во првото полугодие

Кинескиот концерн „Huawei Technologies Co Ltd“, кој е трет производител на смартфони во светот по продажба, објави раст од 15% на годишна основа на вкупните приходи за шесте месеци кои завршуваат во јуни, со солиден пораст во поделбата за мобилни оператори, корпоративниот и корисничкиот бизнис. Сепак станува збор за најбавен раст за овој период од четири години.

Вкупните приходи за првите шест месеци од 2017-та година достигнаа 283,1 милијарди јуани (42,04 милијарди долари), а оперативната маргина паѓа за 12 отсто од пред една година до 11 отсто сега. „Huawei“, рече дека очекува да ја заврши годината со позитивна финансиска позиција.

Нејзината единица „Huawei Consumer Business Group“ ужива стабилен раст на приходите од продажбата во износ од 36,2 отсто за првите шест месеци од годинава до 105,4 милијарди јуани (15,65 милијарди долари).

Испораките на смартфони пораснале за 20,6 отсто до 73,01 милиони, а според неодамнешниот извештај на пазарниот аналитичар „Gartner“, „Huawei“ држи 9 отсто од глобалниот пазар на смартфони во првата четвртина од 2017-та година по лидерите „Samsung“ и „Apple“.

Неодамна компанијата за пазарни анализи „Canalys“ појасни дека „Huawei“ останува лидер на пазарот на паметни телефони во Кина и покрај 3-процентниот годишен пад на испораките на уреди.

Во првото полугодие на 2017-та година „Huawei“ зазема 9,8% од светскиот пазар на смартфони според „IDC“. Овој раст е поттикнат од значителното зголемување на продажбата на смартфони од висок и среден опсег на стратешките пазари. Во Кина „Huawei“ претендира за 22,1% пазарно присуство, а испораките се зголемија за 24% на годишна основа.

Од компанијата исто предвидуваат и голем годишен раст од 18% во Европа, со особено добра презентација во Централна, Источна и Северна Европа.

„Huawei Consumer Business Group“ постигна и сериозен пробив на азиско-пацифичкиот пазар кој ги вклучува Тајланд, Малезија, Јапонија и Јужна Кореја. Присуството во Русија исто така се зголемува значително.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП