4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПобарувачката на здрави пијалоци ги подобри резултатите на Coca-Cola

Побарувачката на здрави пијалоци ги подобри резултатите на Coca-Cola

„Coca-Cola“ оствари подобар од очекуваниот профит поддржан од високата побарувачка на здравите негазирани пијалоци со помала или никаква количина на шеќер во првиот квартал под водство на новиот извршен директор Џејмс Квинси, соопштува „Ројтерс“.

„Coca-Cola“, исто како својот главен конкурент „PepsiCo Inc“, го гради своето портфолио без газирани пијалаци и ги засилува напорите за намалување на шеќерот во своите производи, за да се справи со пониската побарувачка на слатки пијалоци.

„Растот на приходите од газирани пијалаци е поддржан од иновациите и маркетинг поддршката за нашите пијалоци со ниско ниво на шеќер како „Coca-Cola Zero Sugar““, изјави Квинси.

Најголемиот производител на пијалоци во светот, објави дека планира да пушти во продажба „Coke Zero Sugar“ во САД во август.

„Coca-Cola“ исто така забележа голема побарувачка на негазирани пијалоци, како сокови и смути во Европа.

Сепак нето добивка за акционерите на компанијата се намалува до 1,37 милијарди долари или 32 центи по акција во вториот квартал во споредба со 3,45 милијарди долари или 79 центи по акција од пред една година.

Компанијата оствари трошоци од 653 милиони долари поврзани со франшизните договори во однос на операциите на флаширање во Северна Америка.

Приходите се намалени за 16% до 9,7 милијарди долари, што делумно се објаснува и со силниот долар. Сепак тие ги надминуваат очекувањата на аналитичарите од 9,65 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП