6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамалете ги сигналите на глад на здрав начин

Намалете ги сигналите на глад на здрав начин

Обилен и здрав појадок

Голем и здрав појадок ќе одржи ситост до ручек. Само внимавајте тоа да биде навистина здрава храна.

Помали, а почести оброци

На овој начин ќе ја спречите гладта, прејадувањето и ќе избегнете внесување грицки кои се штетни за здравјето и ја зголемуваат телесната тежина.

Здрави закуски

Ако почувствувате глад помеѓу оброците, може да си дозволите здрава закуска која подразбира овошје, зеленчук, ореви, јогурт со мала масленост.

Пијте многу течности

Сигурно веќе знаете дека дневно треба да внесувате околу 2 литри вода. На тој начин ќе ја згаснете жедта, но и ќе чувствувате ситост.

Вежбајте редовно

Редовното вежбање ќе ве мотивира да се храните поздраво. По извесно време сами ќе избегнувате прејадување, знаејќи колку труд сте вложиле во вежбањето.

Јадете повеќе салата и супа

Салатата и супата ќе го наполнат вашиот стомак и ќе направат да се чувствувате сити. На овој начин ќе го избегнете непотребното прејадување. Салатата нека биде задолжителен дел од секој ручек.

Избегнувајте брза храна и едноставни шеќери

Брзата храна и храната богата со едноставни шеќери предизвикува брзо зголемување на шеќерот во крвта и подеднакво брзо намалување, по што повторно ќе чувствувате глад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП