3 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook ќе гради станови за вработените во Силиконската долина

Facebook ќе гради станови за вработените во Силиконската долина

Недостатокот на домови во Силиконската долина во Калифорнија се претвора во толку тежок проблем, така што „Facebook Inc.“ ги зема работите во свои раце и за прв пат планира да изгради 1.500 домови за своите вработени во близина на седиштето, соопштува „Ројтерс“.

Експанзијата на „Facebook“, „Alphabet“ и други технолошки компании го зголемија уште повеќе проблемот со недостигот на станови во Сан Франциско, кој не е подготвен за приливот на десетици илјади работници во изминатата деценија. Цените на куќите, како и трошоците за патување, се зголемија.

Технолошките компании веќе преземаат мерки, како опремени и поврзани со интернет автобуси за своите вработени, погодни за долг пат. „Facebook“ нуди стимулации во износ од најмалку 10.000 долари за вработени кои ќе се преселат поблиску до работното место.

Овие чекори не се доволни за да го решат проблемот со недостигот на станови во областа.

„Проблемот на Силиконската долина е дека понудата не одговара на побарувачката“, коментира главниот економист на компанијата за недвижности „CoreLogic“, Сем Катер.

Така доаѓа до планот за конструкцијата на „Facebook“. Социјалната мрежа сака да инвестира во Менло Парк, кој се наоѓа на околу 45 милји (72 км) на југ од Сан Франциско. Компанијата планира да изгради станбена зона од 1,75 милиони квадратни метри канцелариски простор и 125.000 квадратни метри за комерцијални области. Целта е да се создаде место, кое ги нуди сите потребни услуги за неговите жителите.

Планираните 1.500 станови ќе бидат достапни за сите, не само за вработените на „Facebook“, а 15 отсто од нив ќе бидат понудени под пазарните цени.

Од своја страна „Alphabet“ презеде помал чекор, купување 300 станови за вработените, соопшти „Wall Street Journal“ во минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП